Антибактериските сапуни и гелови се бескорисни и може да предизвикаат повеќе штета на вашата кожа отколку корист, предупредија научниците.

Во соопштението објавено во научниот магазин „Перспектива на еколошкото живеење“ се предупредува да не се користат антимикробни агенси во складиштата за храна.
Екологистите истакнуваат дека со обичен сапун и вода најдобро ќе се заштитите од болести.
Предупредуваат дека антибактериските производи, од кои некои веќе се забранети во САД и постепено забраната се воведува во Европа, може да предизвикаат штета кај трудници и доилки.
„Луѓето мислат дека антимикробиолошки сапун за раце пружа поголема заштита од заболувања, но не се ништо подобри од обичен сапун и вода“, вели професорката по еколошко здравје на Универзитетот во Сан Франциско д-р Барбара Сатлер.