Антиваксери со јајца го маваа чешкиот премиер (ФОТО)

од Берта Китинска

Антиваксерите во Прухоњице кај Прага го нападнаа чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска на предизборен митинг и промоција на неговата предизборна книга.Тој мораше да се засолни во блиската слаткарница откако тие почнаа да фрлаат јајца кон него.

– Беа во моја близина и ме удрија со јајце во главата. Исто така беше погодено и  12-годишно девојче. Една дама доби шлаканица затоа што чекаше да ја потпишам нејзината книга – опиша премиерот Бабиш за таблоидот Блескисгред.

Полицијата уапси двајца бунтовници.

Слични содржини