Антоновски: Приватните медиуми да ги заштитат новинарите и сите медиумски работници

од Vladimir Zorba

Директорот на МИА, Драган Антоновски повика приватните медиуми да ги заштитат новинарите и сите медиумски работници поради ситуацијата со епидемијата на коронавирусот.

Повикот е пред се за ослободување од доаѓање на работа на оние кои имаат малолетни деца, но и за работење од дома.

– Само вработените во внатрешнополитичката редакција доаѓаат на работа и ги покриваат дневните настаните. За тие коишто одат на терен набавивме маски, а сега сме во процедура за набавка на скафандери за најистурените (фото/видео/репортери) и се надеваме дека успешно како и досега ќе ја извршуваме нашата задача – да пласираме проверени и точни вести на јавноста, а ќе имаме и заштитени новинари. Сакам да ги повикам работодавците, односно сите газди и на медиуми и на „гранапчиња“ портали, да ги заштитат своите вработени и да пробаат да работат online, пишува тој на својот ФБ профил.

Слични содржини