Партијата Левица реагираше на, како што велат, невиден облик на дискриминација од страна на властите во Македонија, откако им беше забрането платено политичко рекламирање во приватните медиуми што, според нив, претставува преседан во историјата на земјата. Пред Уставниот суд, на прес-конференција, претседателот на партијата Димитар Апасиев истакна дека нивната партија е единствената политичка сила од сите парламентарни и вонпарламентарни партии која четирите законски пакети за рекламирање ги има изоставено од можноста за политичко претставување. Тој обвини за директна вмешаност на државните институции, посебно АВМУ, чиј директор, според него, добива инструкции директно од премиерот.
„Скандалот да е уште поголем – не само што ни се забранети државните пари кои по закон ни следуваат, туку и доколку би имале наши пари, ние ќе не можеме да се рекламираме, затоа што со едноставно пропуштање, односно неспоменување во четирите законски предвидени пакети, ние сме изоставени комплетно како да не постоимe на политичката сцена.
Ова е директна последица и пратен абер директно од премиерот преку неговиот подлизурко Зоран Трајчевски, ,вечити’ директор на АВМУ, којшто на овој начин се обидуваа да ѝ ги скратат крилата на Левица. Но, сакаме да им порачаме дека ова нема да помине, напротив, ќе има обратен ефект на бумеранг, бидејќи народот гледа како на една партија и се прави класична неправда“, истакна Апасиев.
Вели дека партијата меѓувреме се екипирала со адвокатски тим и ќе поднесат тужба со временa мерка за стопирање на ова упатство.
„Бараме од Уставниот суд веднаш уште денес да се произнесе со временa мерка, затоа што не знам дали знаете – три случаи досега вакви имало и Уставниот суд прави финта, а тоа е дека кога поднесуваме ние претставка или иницијатива, тој го става актот за гласање во декември и констатира многу бегло дека актот повеќе не е во сила и нема што да оценува“, рече Апасиев.
„Предосеќам, како професор по право, дека овој случај ќе заврши во Стразбург, но тоа би траело две-три години од сега, така што штетата која сега ни е нанесена, ние парично ќе ја вратиме по две-три години, но ќе биде удар врз демократиjата во Република Македонија. Сакаме да порачаме дека Левица не се откажува ниту правно, ниту политички и дека Левица на овие локални избори ќе го достигне својот историски максимум, така што“, нагласи лидерот на Левица.