Аплаузи и овации за Заев на конгресот на СИРИЗА (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Поранешниот премиер Зоран Заев доби овации и аплаузи во Грција на партискиот конгрес на Сириза, чиј лидер е неговиот поранешен грчки колега, Алексис Ципрас.

При својот говор, Ципрас во еден момент ги спомна поранешниот грчки министер за надворешни работи и еден од потпишувачите на Преспанскиот договор, Никос Коѕијас и Заев и им се заблагодари за потпишувањето на Договорот.

– Сакам, бидејќи ми се дава можност, не ми беше во план, но тука се пред мене, сакам да им се заблогодарам и на Зоран Заев и на Никос Коѕијас, што ја водевме битката, што им се спротивставивме на притисоците, што ја направивме нашата патриотска должност, рече лидерот на СИРИЗА од Атина, по што Заев доби големи овации од присутните членови и делегати на СИРИЗА.

Моментот со Заев можете да го видите од 1:12:13.

Со Преспанскиот договор се промени уставното име на земјава и се обезбеди членство во НАТО.

Покрај Заев, присутен на конгресот се и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.

 

Слични содржини