Аплицирање преку „Дома си е дома“: Туристичките и угостителските работници ќе добијат финансиска помош

од Берта Китинска
280 прегледи

Пет мерки од четвртиот сет се директна поддршка за туристичките и угостителските работници кои беа погодени со пандемијата од Ковид-19.

Мерките се донесени во консултација со приватниот сектор и сметаме дека ќе бидат многу значајна поддршка, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Мерките се Воднесуваат на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти, Грантови за туристички агенции, Грантови за категоризирани ресторани за свадби, Грантови за игротеки, и Грантови за лиценцирани туристички водичи.

Аплицирањето ќе се прави преку онлајн-платформата „Дома си е дома“. Последниот рок за аплицирање за овие мерки е 27 ноември, а финансиската поддршка ќе биде исплатена до крајот на оваа година.

 

Слични содржини