АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ: Страшен пожар беснее на Хаваите (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Шумските пожари на Хаваи, поттикнати од ураганот „Дора“, зафатија повеќе објекти, што довело до евакуација и затворање на училиштата.

Во округот Мауи, 12 лица биле спасени откако скокнале во океан за да побегнат од чадот и пожарот, пренесува AP. Крајбрежната стража ги пренела на безбедно подрачје, соопштиле локалните власти.

Противпожарните екипи се борат со повеќе пожари концентрирани во две области: популарната туристичка дестинација Западен Мауи и планинскиот регион во внатрешноста.

Од утрово околу 14.000 домаќинства во Мауи немаат струја.

„Дора“ е моќен ураган од категорија 4 со постојани ветрови со брзина од околу 200 километри на час. Хаваи беше зафатен од голем пожар и во 2021 година, при што изгореле голем број на куќи, а илјадници луѓе биле евакуирани.

Слични содржини