Апсење во центарот на Скопје: Разбојник ограбил таксист

од Nikola Popovski

Во текот на денешниот ден во 12.00 часот на ул. „11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Н.Д.(46) од с.Вражале, општина Зелениково.

-Тој се сомничи дека на 16.09.2022  извршил кривично дело разбојништво, односно дека со употреба на сила од такси возач одзел пари.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението од полицијата.

Слични содржини