Египетски археолози пронајдоа скулптура на сфинга, при истражувања во храмот Ком Омбо во градот Асуан.

Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека склуптурата на митското суштество со човечка глава и тело на лав е направена од камен. Таа најверојатно потекнува од периодот на династијата на Птоломеидите. Неодамна во овој храм беа пронајдени и два рељефи на фараонот Птоломеј Петти

Статуата   е долга околу 28 см и висока 38 см и изработена од песочник.

По крунисувањето на Птоломеј V , кој управува од 210 година до 180 г.пр.н.е., свештениците во Мемфис создаваат од познатиот Розетски камен кој ги бележи делата. Со векови подоцна каменот им помага на експертите да научат да читаат египетски хиероглифи.

Птоломејската династија владеела со Египет околу 300 години од околу 320 п.н.е. до околу 30 п.н.е.