
Голем праисториски религиозен и церемонијален комплекс бил пронајден крај најпознатиот британски праисториски споменик Стоунхенџ, пишува The Independent.
Комплексот, кој е со дијаметар од 200 метри, се наоѓа само на околу милја и половина на североисток од Стоунхенџ. Тој бил изграден пред околу 5,650 години, повеќе од илјада години пред древните камења да бидат издигнати.
Ова откритие ќе ги промени нашите сфаќања за раниот развој на древниот пејзаж околу Стоунхенџ, сметаат археолозите. Комплексот е првата значајна градба од раниот неолитот, откриен во овој регион од повеќе од пред еден век. Ова покажува дека стотици години пред Стоунхенџ во оваа месност, биле изведувани ритуали.