Архимед пукал со парни орудиа!?

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Сите знаат дека старогрчкиот пронаоѓач Архимед  го одбранил градот против напаѓачите со помош на огледала кои ги запалиле непријателските бродови, фокусирајќи ги сончевите зраци врз дрвените пловни објекти.

Според италијански инженер сепак работите биле малку различни, соопштува “New Scientist”.
Чезаре Роси од Универзитетот Федерико II во Неапол смета дека со огледало тешко би се запалила римска галија, и дека таквите лесно би биле згаснати од екипажот.

Наместо тоа, Архимед изгледа користел топови, истрелувалзапаливи проектили со помош на пареа, тврди Роси.

Пред сè, тој наведува дека Петрарка и Леонардо да Винчи пишувале дека Архимед навистина изградил топови, пукал со компримирана пареа. Во 2006 година научници од MIT создаваат слични топови и успешно го спроведуваат експериментот.

Според Роси парните топови ја објаснуваат и легендата за огледалата – пареата можеби била загрена од сончевиот систем. Гранатите најверојатно биле шупливи и пополнети со запаллива течност – можеби мешавина од сулфур, битумен, смола и калциум оксид.

Иако загревањето со таква Огледало систем би било многу посложена од користењето на оган, Роси смета дека сиракузците не сакале да имаат отворен оган во дрвените утврдувања.