227
Големата зимска бура донесе ледени ветрови и обилни снежни врнежи во многу делови на САД, попречувајќи го патувањето и оставајќи илјадници луѓе без струја.
Невремето ќе биде придружено со силен арктички студ во текот на викендот, со температури околу -45 степени во некои области, јавува Би-Би-Си.
Скоро 25 см снег падна во Ајова, каде во понеделник започнуваат внатрепартиските избори за републиканските претседателски кандидати, принудувајќи некои настани да бидат откажани.