Армијата ќе ѝ асистира на полицијата – денеска седница на Главниот штаб за управување со кризи

од Берта Китинска

Денеска главниот штаб за управување со кризи при ЦУК ќе одржи седница, на која ќе се разгледува планот на Министерството за здравство (МЗ), кои објекти треба да се обезбедуваат.

Во обезбедувањето ќе се вклучи Армијата која ќе ѝ асистира на полицијата и ќе биде на своите позиции без оружје.

„ Ќе побараме од соодветните служби на МВР, во делот на обезбедување, да изготват план – дали се прифаќаат сите точки, дали е доволно покривање во една смена или 24 часа. Врз основа на тоа, ќе предвидат луѓе кога би ротирале во три смени. Тогаш ќе ја имаме ние вистинската слика. Владата носи конечна одлука и врз основа на тоа, како и врз основа на закон и подзаконски акти претседателот ќе нареди употреба на Армијата, но без оружје. Армијата само ќе ѝ асистира на полицијата и не смее самостојно да презема дејствија без полициски службеник со полициски овластувања “, изјави  в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Слични содржини