Арома терапија: Овие мириси ќе ви го подобрат расположението

од desk2
132 прегледи

Иако звучи чудно, стручњаците тврдат дека мирисот на одредени намирници го поправа расположението и дава енергија…

Цитрусно овошје: Кога ќе ви падне расположението, само мириснете портокал, лимон, грејпфрут… Витаминот Ц кој доминира во цитрусното овошје ја подига енергијата. Исто така, мирисот од лимон го намалува нивото на стрес.

Крем за сончање: Со мирисање на крем за сончање се враќате на сончевите зраци и истиот момент ви се враќа насмевката на лице.

Пеперминт, еукалиптус или нане: Истражувањата покажале дека на тој начин спортистите остваруваат подобри резултати.

Свежа трева: Го намалува стресот и автоматски го смирува телото, а ја подигнува и енергијата.

Рузмарин: Опушта, ја поттикнува работата на мозокот и го подобрува памтењето.