Раководството на Арсенал на лето ќе го одврзе ќесето за да привлече класичен напаѓач. Ова е основната желба на менаџерот Микел Артета и изгледа дека газдите се подготвени да ги задоволат неговите барања, тврди „Мирор“.
Потребата од засилување на тимот најјасно се гледа во пресметката со Баерн (Минхен) во Лигата на шампионите и особено во реваншот, кој „топџиите“ го загубија со 0:1, што доведе до нивна елиминација од турнир. Токму тоа ги убеди газдите да извадат сериозна сума за недоволно моќниот напад.
Се споменуваат голем број имиња, забележани од лондончани. На првото место на листата на барани играчи е стрелецот на Спортинг (Лисабон) Виктор Ѓокерес. Покрај него, клубот го следи и Бенјамин Шешко од РБ Лајпциг и Александар Исак од Њукасл.
Иван Тони е наклонет кон Арсенал, но е подолу на списокот поради фактот што е постар од останатите, а воедно неговата цена и понатаму е доста висока.
Доколку сепак „топџиите“ решат да платат трицифрена сума за нов стрелец, може да го таргетираат и Виктор Осимен од Наполи.