Арсов: Флекс Кредит продолжува да работи на уште поголема дигитализација со цел да ги задоволиме потребите на клиентите

За измамите со украдени лични податоци, Арсов истакна дека во последните 3 месеца презеле сериозни мерки во насока на задлабочени проверки на документацијата и едуцирање на секој потенцијален или постоечки клиент.

од Vladimir Zorba
2,7K прегледи

Дигиталната трансформација е факт од којшто не можеме да избегаме и која што треба да ја прифатиме и надоградуваме како што тоа се случува во останатите држави. Така и ние од Флекс Кредит нудиме онлајн аплицирање и одобрување на кредити преку систем кој совршено функционира. Сепак аплицирањето и подигнувањето на средства од филијала е се уште многу попрефериран начин на работа кај клиентите. Флекс Кредит продолжува да работи на уште поголема дигитализација со цел да ги задоволиме потребите на клиентите на уште повисоко ниво, вели генералниот директор на Флекс Кредит, Горан Арсов во разговор со „Локално“.

Во однос на почетоците на финансиското друштво, Арсов истакна дека знаејќи ги бенефитите кои овие услуги ги овозможуваат на населението одсекогаш била негова желба да основа финансиско друштво во Македонија.

-Во 2020 година таа желба ми се реализираше. Започнав со мал тим од вредни професионалци од областа на финасиите, кои заедно со мене веруваа во идејата за Флекс Кредит. Денес тоа се едни од моите најверни соработници, професионалисти и се на извршни позиции во компанијата, истакнува тој.

За конкуренцијата во бизнисот со брзи кредити, вели дека во секоја индустрија таа е добра и здрава и им помага и мотивира да бидат подобри секој ден.

-Секое финансиско друштво има некоја специфика која го издвојува од останатите. Така кај нас, како што и самиот слоган кажува – Пари за секого, овозможувањето на финансиски средства на што пошироки и поголеми категории на граѓани е наша компаративна предност што не издвојува од останатите, истакнува  ко-сопственикот на компанијата.

За измамите со украдени лични податоци, Арсов истакна дека во последните 3 месеца презеле сериозни мерки во насока на задлабочени проверки на документацијата и едуцирање на секој потенцијален или постоечки клиент.

-Процентот на вакви измами сепак е минимален но тоа незначи дека нетреба да се обрне дополнително внимание, порача Арсов во интервјуто.

ФЛЕКС кредити годинава славеше јубилеј од почнувањето на својата работа во 2020-та година. Како почнавте и до каде стигнавте како компанија?

-Во Македонија започнавме со работа во пандемиската 2020 година. Јас по завршување на моите студии, 15 години работев во разни финансиски друштва во централна и источна Европа. Започнав како работник во филијала и стигнав до многу извршни директорски позиции во неколку финансиски друштва кој што беа во рамките на еден Финасиски Холдинг. Уште од тие времиња, пазарот на финансиски друштва во Македонија не постоеше додека во централна и источна Европа беше многу развиен. Познавајќи ги бенефитите кои овие услуги ги овозможуваат на населението одсекогаш беше моја желба да основам финансиско друштво во Македонија и ете во 2020 година таа желба ми се реализираше. Започнав со мал тим од вредни професионалци од областа на финасиите, кои заедно со мене веруваа во идејата за Флекс Кредит. Денес тоа се едни од моите најверни соработници, професионалисти и се на извршни позиции во компанијата.

Колку клиентите ги прифатија дигиталните канали за обезбедување услуги како што е онлајн одобрување на кредити и дали тој сега се „устоличи“ како префериран?

-Дигиталната трансформација е факт од којшто не можеме да избегаме и која што треба да ја прифатиме и надоградуваме како што тоа се случува во останатите држави. Така и ние од Флекс Кредит нудиме онлајн аплицирање и одобрување на кредити преку систем кој совршено функционира. Сепак аплицирањето и подигнувањето на средства од филијала е се уште многу попрефериран начин на работа кај клиентите. Флекс Кредит продолжува да работи на уште поголема дигитализација со цел да ги задоволиме потребите на клиентите на уште повисоко ниво.

Кои се најголемите проблеми со кои се справуваате во однос на законските регулативи? Колку Измените на Законот за финансиски друштва, како што велат властите, се во насока на поголема заштита на граѓаните?

-Отсекогаш мојот став е бил дека оваа индустрија треба да биде регулирана од повеќе аспекти и мислам дека во моментот тоа е така. Министерството на Финасии како регулатор на оваа ундустрија успеја да спроведе низа регулативи кој што во моментот се активни и даваат можност на сите сериозни Финансиски Друштва како што Флекс Кредит е, да се во услуга и заштита на клиентите. Регулацијата граничи со ограничување на бизнисот но по овој начин е создадена фер конкуренциска атмосфера и прозрачност кон општеството кое има потреба од нашите продукти и услуги.

Како гледате на конкуренцијата во бизнисот со брзи кредити?

-Конкуренцијата во секоја индустрија е добра и здрава. Таа нас ни помага и не мотивира да бидеме подобри секој ден. Секое финансиско друштво има некоја специфика која го издвојува од останатите. Така кај нас, како што и самиот слоган кажува – Пари за секого, овозможувањето на финансиски средства на што пошироки и поголеми категории на граѓани е наша компаративна предност што не издвојува од останатите. Ние од Флекс Кредит веруваме дека секој заслужува финасиска помош, тогаш кога му е најпотребна.

Граѓани мака мачат со измами со подигање брзи кредити на туѓо име со украдени лични податоци. Како да се спречат овие појави и како „Флекс кредити“ се справува со овој проблем?

-Во секој дел од планетата, од кога знаеме за постоење на човештвото имало измами и измамници и за жал ќе има и во иднина, нашата идеја е да го минимилизираме овој фактор максимално! Измамниците се присутни во секој бизнис, во секоја дејност. Флекс Кредит не е потполно изолиран од вакви измами но, последните 3 месеца презедовме сериозни мерки во насока на задлабочени проверки на документацијата и едуцирање на секој потенцијален или наш клиент. Процентот на вакви измами сепак е минимален но тоа незначи дека нетреба да се обрне дополнително внимание.

Кој е најголемиот износ кој досега бил земен од вашите филијали и не бил вратен? Што правите како компанија во тој случај?

-Ние одобруваме кредити до 150.000 денари, па така и на тој износ имаме ненаплатени побарувања. Прилично сме либерални во однос на ненаплатените побарувања и толерираме колку што ни дозволува времето. Комуникацијата со клиентот ни е на прво место, дури и кога се наоѓа во комплексно сложена финасиска ситуација, важно е клиентот да остане во комуникација со нас. Решението за тужење за наплата на долгот не е приоритет на Флекс Кредит но, и неможе да се избегне доколку доцнењето е изразено во некој подолг период и немаме комуникација со клиентот.

Како обичен граѓанин, доколку имате потреба, дали би зеле класичен кредит од банка или брз кеш кредит од ФЛЕКС?

-Зависи, доколку би ми бил потребен кредит на поголем износ од над 150.000 денари би искористил банка. Доколку ми треба помал износ, до 150.000 денари сигурно би ги искористил поволностите на Флекс Кредит за брзо одобрување и за 5 минути би ги земал средствата од Флекс Кредит.

Кои се најголемите цели пред ФЛЕКС кредити во 2024 година? Какви новости подготвувате за граѓаните?

-Нашата најголема цел и во 2024 година е да останеме лидери во делот на општествена одговорност. Досега сме помогнале на над 100 спортисти и спортски клубови, над 50 здруженија, над 50 настани од општествен карактер и во СОС Детско Село станавме најголем финансиски донатор за 2022 и 2023 година. Лично сакам да продолжиме во таа насока. Добивката, средствата, некогаш во некоја форма ќе се потрошат. Хуманоста и добрите дела единствено остануваат зад нас. Во однос на новостите кон потрошувачите на Флекс Кредит ќе имаме многу нови производи и услуги, директно насочени кон посебни категории на граѓани.

В.З.

Слични содржини