Арсовска во вонредна контрола: Зимската служба не смее да биде изненадена

од Nikola Popovski

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вечерва информира дека била во вонредна контрола во кризниот штаб на зимската служба под Град Скопје за подготвеноста на оваа служба за зимската сезона.

Таа посебно истакна дека јавното претпријатие и кризниот штаб не смеат да бидат изненадени од зимската сезона и за истата треба да бидат максимално подготвени за одржување на сите главни улици за коишто е надлежен градот Скопје.

-Овие вонредни контроли ќе продолжат без претходна најава и во следниот период, а сите јавни претпријатија треба да бидат подготвени да ја извршуваат својата функција во интерес на скопјани. Веќе од понеделник започнуваме и со дополнителни активности на засилени контроли и ревизија на активностите на јавните претпријатија како би се обезбедиле квалитетни и навремени услуги за сите скопјани, објави Арсовска.

Слични содржини