Политичкиот аналитичар Петар Арсовски смета дека во периодот што следува, во Бугарија првенствено ќе доминира формирањето на владата и таму ќе постојат повеќе опции.
„Јас не би го исклучил Борисов од тие комбинаторики. Не му е првпат да биде во ваква независна ситуација, па да се најде во влада. Рано е да отпише“, вели Арсовски за пост-изборието кај нашиот источен сосед.
Според него, постојат три опции.
„Првата е широка влада со Борисов, втората е влада без Борисов и третата е влада која треба да води кон нови избори“, рече аналитичарот, додавајќи се уште не се знае дали ќе се смени расположението кон Македонија.
„За нас најдобра опција би била стабилна влада со чист мандат, бидејќи таа ќе може да биде под притисок на меѓународната заедница за евентуално домашната цена за решавање на проблемот“, потенцира Арсовски.