Асад се огласи по заканите од Трамп, овој пак, очекува благодарност

од desk2

 

Претседателот на Сирија Башар ал Асад се огласи прв пат по заканите од американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја нападне Сирија поради наводниот хемиски напад.

Засад за државната агенција САНА вели дека каков и да е напад на Сирија само ќе донесе поголема нестабилност во регионот.

„Со секоја победа на терен, гласот на западните земји е се посилен и акциите се интензивирани во обид да се смени текот на случувањата“, вели Асад.

Според него, тие гласови нема да донесат ништо, туку ќе ја зголемат нестабилноста во регионот, му се закануваат на меѓународниот мир и безбедност.

Асад вели дека заканите од Запад со напад на неговата земја по наводниотхемиски напад, се засновани на лаги со цел да се поништи напредувањето на неговите сили близу Дамаск.

Тој мсета дека западните земји станале поагресивни откако ја изгубиле кладбата на опозициските сили во источните предградија на Дамаск.

На состанокот со советникот на иранскиот врховен водач Али Акбар Велајати, Асад рекол дека заканите од Запад го загрозуваат меѓународниот мир и стабилност и дека воена акција против Сирија дополнително го дестабилизира регионот.

Инаку, Трамп продолжи да си „игра војна“ преку Твитер, а овојпат порача дека „никогаш не рекол дека ќе изврши напад на Сирија“.

„Никогаш не реков кога ќе ја нападнеме Сирија. Може да се случи наскоро или воопшто да не се случи! Во секој слуај, САД, под мојата администрација, направи многу во чистењето на регионот од Исламска држава. Па каде е заслуженото: „Благодариме, Америко?!“, напиша Трамп.

Слични содржини