Основачот на “Викиликс” Џулијан Асанж и неговиот тим се надеваат  дека Велика Британија ќе го протера, посочува  близок до него извор за  Ројтерс.

Потсетуваме дека тој со години се наоѓа во зградата  на амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што го најде  своето засолниште, по прогонот од амерканските власти.

Австралиецот неодамна доби еквадорски пасош и сега може да ја напушти амбасадата без да биде уапсен.

 Велика Британија одби да му даде дипломатски статус на Асанж по барање на Еквадор

Џулијан Асанж мора да ја напушти амбасадата и да се соочи со правдата

Но, Лондон рече дека сè уште може да го држи. 

Надежта на неговите соработници е да биде прогласена за персона нон грата и на тој начин да ја напушти земјата.

Сепак, претседателот на Еквадор, Ленин Морено, рече дека се надева дека ќе најде решение за овој “наследен проблем што предизвикува многу проблеми”.