Основачот на Викиликс Џулијан Асанж се обрати преку видео линк до учесниците на конвенцијата на американската Зелена партија во Хјустон и изјави дека изборот меѓу Доналд Трамп и Хилари Клинтон е како избор меѓу „колера и гонореја“. 
Асанж изјави дека често пати го прашуваат кој претседателски кандидат му се допаѓа повеќе.
– Ова е како да ме прашувате дали повеќе сакам колера или гонореја, истакна во саботата Асанж, кој се наоѓа во Амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година.
Асанж ја критикуваше и американската федерална Влада, како и претседателот Барак Обама поради „уништување на вработените во федералните служби, од кои истекуваат некои информации“