Аспиринот може да ги зголеми шансите за зачнување момче

од desk4
260 прегледи

Жените кои претрпеле еден и повеќе спонтани абортуси обично се советуваат да примаат пониски дози аспирин при следните бремености. Излегува според новото истражување дека токму внесувањето на аспирин придонесува за бременост со машка рожба .4482786b2b32aedfb408017521981974

Зошто е тоа така?
Аспиринот има анти-инфламаторен ефект, освен што ја разредува крвта и спречува згрутчување. Истражувањето објавено во Clinical Investigation покажува дека токму ниските дози на дозволени антиинфламаторни лекови, како што е аспиринот, помагаат не само за задржување на плодот, но и за зачнување со момче .

Причината е дека машките ембриони се ранливи на воспалението во и околу матката на мајката. Женските ембриони се поотпорни. Токму затоа и машките ембриони се подложни на спонтан абортус во присуство на воспаление во матката и карличната област, пишува kidspot.com.au.

Кога ќе бидат пропишани ниски дози аспирин по спонтан абортус и пред следната бременост, многу поверојатно е да зачне со момче во овие околности.

Се разбира, тоа не е задолжително. Шансата да родите момче при прием на ниски дози аспирин пред зачнувањето се зголемува со околу една третина. Сè останато зависии од сперматозоидите и ДНК-то на вашиот партнер.0f4418c85a31d7f3a0aeb88c2b830c03

Односно, резултатите од овие истражувања е поверојатно да важат за жени кои имале спонтани абортуси во минатото. Намерното земање аспирин кај жени без слична приказна тешко би дало ефект, да не зборуваме дека без лекарска согласност земањето на какви и да било лекови би било вистински ризично.

Другото важно е жените кои биле подложени на абортуси да имаат лекарска потврда дека тие се предизвикани од воспаленија. Во други околности овој метод со ниски дози на аспирин исто така не би проработел.

Ако присуството на воспаление не биде докажано при спонтан абортус, земањето на аспирин пред следната бременост нема да ги промени шансите да зачнете машко дете.