Астана ќе се заштитува од суровите ветришта со прстен од милион дрвја

од desk2
66 прегледи

Казахстанскиот претседател во 1997 година направил план за заштита на градот Астана од студените ветрови така што ќе изгради прстен од дрвја. Дваесет години подоцна, неговите научници сè уште се борат да формираат шума таму каде дрвја никогаш не постоеле.

Зимата во Астана почнува во ноември, а жителите чувствуваат топлина само во мај. Температурите се ниски од околу минус 20 степени Целзиусови. Астана по студено време се наоѓа само зад Уланбатор во Монголија.

По наредба на Нурсултан Назарбаев градските власти во 1997 година почнале да работат на проектот за формирање прстен околу градот составен од милион дрвја, надевајќи се дека така, на природен начин ќе го заштитат од студените ветрови. Дваесет години подоцна прстенот уште се сади.

„Бизнисмените не беа заинтересирани за тоа. Нивната цел беше да дизајнираат импресивни згради, брзо да ги изградат и да ги продадат“, вели дизајнерката и архитектка Дијана Хегаи.

Предизвикот за локалните градежници е постигнување рамнотежа межу општата визија за градот и соочувањето со климатските услови.

„Се обидовме да сфатиме какви згради имаат добар дизајн во однос на удобноста и сигурноста“, вели Серик Токболат, истражувач од универзитетот во Астана.

Главно тоа се луксузни апартмани кои се градат во затворени комплекси кои имаат аптеки, фризерници, продавници и слично, да не мора граѓаните да излегуваат од нив.

„Не треба да му се завидува на никој кој зимно време мора да шета низ Астана“, вели Владимир Ни, шеф на Еколошкиот форум на јавни организации на Казахстан.

По декларацијата на Назарбаев од 1997 година со која статусот на главен град му е одземен на Алмати и доделен на Астана, научниците проучувале колку тлото околу Астана е погодно за вегетација. Во првите неколку години успеале да преживеат само неколку стебла, затоа се фокусирале на оние дрвја кои можеле да ја издржат климата во Астана. Поради високиот удел на сол во почвата заклучиле дека најпогодни се повеќегодишни билки кои ја намалуваат соленоста и привлекуваат инсекти.

„Во текот на последните 10 години температурите во градот пораснаа за 0,3 степени благодарение на зелениот појас поради кои се намалуваат брзините на ветрот, а бројот на снежни бури се намали“, вели Ѓулмира Акишева од Националниот метеоролошки центар.

Околу 5.000 нови стебла, мешавина од црногорски и листопадни сорти ќе се посадат секоја година, што чини 4,5 милиони фунти. Планот е зелениот појас до 2020 година да се прошири на 200.000 – 250.000 хектари.