АстраЗенека: Нашата вакцина ќе биде ефикасна против сите видови

од Stefanija Kuzmanovska
415 прегледи

Експертите на „АстраЗенека“ веруваат дека вакцината на британско-шведската компанија е ефикасна против новите варијанти на коронавирусот, рекоа тие во понеделникот, на денот кога новото големо истражување покажа дека е 79 отсто ефикасна во спречување на болести и апсолутно ефикасно во спречување сериозни болести.

Третата фаза на клинички испитувања во САД, спроведена на 32,4 илјади испитаници во САД, Чиле и Перу, покажа дека вакцината на „АстраЗенека“ е ефикасна во 79 отсто од случаите, а 80 отсто кај постарите лица од 65 години. Истражувањата исто така покажаа дека вакцината е целосно ефикасна против развивање на тешки форми на ковид-19.

Вакцината била администрирана во две дози, со разлика од четири недели.

Извршниот потпретседател на „АстраЗенека“ за истражување и развој Мене Пангалос на виртуелна прес-конференција истакна дека истражувањето е спроведено кога веќе биле во циркулација нови варијанти на коронавирусот, што сугерира дека тие исто така биле вклучени во тестирањето.

„Мислам дека вакцината ќе биде ефективна против сите варијанти“, рече Пангалос, додавајќи дека понатамошните истражувања се во тек.

Ен Фалси, професорка на Универзитетот во Рочестер, која беше ко-предводник на истражувањето во САД, исто така рече дека е оптимист за ефективноста на вакцината врз новите варијанти.

Студијата исто така покажа дека вакцината на „АстраЗенека“ е безбедна и не носи зголемен ризик од тромбоза, поради што голем број европски земји ја сопреа вакцинацијата минатата недела.

По вакцинацијата, научниците забележале реакции како што се болка на местото на убод, главоболка, замор, треска и болка во мускулите.

Слични содржини