
Сончевите ерупции може катастрофално да влијаат врз луѓето. Можни се проблеми со интернет комуникациите, со сателитите, со струјата и дури со нуклеарките. Ова го прогнозира астрофизичарот Казунари Шибата од Универзитетот во Кјото. Магот Артом Бесов, пак, тврди дека страшните урагани и другите катастрофи се подразбира дека се одреден знак. Вселената ни праќа знаци, додава јасновидецот. Според него, доаѓаат тешки времиња за човештвото, а најтешко ќе ни е во 2020 година. Сонцето чувствува, а луѓето ќе ја сфатат потребата да се менуваат, но тоа може да се случи по страдањето, коментира Артом Бесов. Нема да има крај на светот, но светот радикално ќе се смени, додава тој