Сијалици наредени во вид на божиќно дрво во централна Италија, во Монте Инџино, претставуваат најголемо дрво во светот, а оваа година честа да ги светне сијалиците ја имаше астронаутот Паоло Несполи од Меѓународната вселенска станица.

Несполи го прати сигналот што запали повеќе од 460 сијалици на југозападните падини на Монте Инџино. „Толку е убаво, како да е во вселената, оваа ноќ сакав да бидам со вас таму да уживам во шоуто“, порача Несполи.
За проектот се потребни 460 сијалици, 8.500 метри кабел, а е на височина од 650 метри. Оваа традиција почна во 1981 година.
Повеќе од 50 волонтери потрошија 2.000 работни часови да го наместат дрвото годинава.
Во минатото, честа да ги запалат сијалиците ја имале актерот Теренс Хил, папата Франциск и папата Бенедикт XVI, како и членови на меѓународни организации за помош како Спасете ги децата, Лекари без граници.