Астронаутот Баз Олдрин ги тужи синот и ќерката

од desk2
180 прегледи

 

Американскиот астронаут Баз Олдрин ги тужи своите деца и нивните поранешни бизнис менаџери затоа што наводно му крадат пари, но и за клевета затоа што велат дека боледува од деменција.

Тужбата е поднесе седум дена по барањето на неговиот син и ќерката да имаат контрола над неговите финансии, затоа што тој „когнитивно паѓа“, пишува BBC.

Во тужбата, од друга страна, астронаутот тврди дека синот, ќерката и пораншената менаџерка Кристина Корп му ги поткопувале романтичните врски и дека му бранеле да се жени.

Неговите деца Ендру и Џенис Олдрин на суд, порано овој месец, рекоа дека нивниот татко почнал да се поврзува со нови пријатели кои сакаат да го оттуѓат од семејството и дека троѓи пари со загрижувачка брзина.

Тужбата на Олдрин тврди дека неговито син и госпоѓа Корп неправедно презел контрола над неговите финансии вклучително и милиони долари вредните вселенски сувенири и вселенски артефакти.

Неговиот најстар син не е вклучен во тужбата.

Стручњак за психичко здравје именуван од страна на судот ќе го процени здравјето на Олдрин следната недела, а неговите деца велат дека се тажни поради неоправданата тужба.

Осумдесет и осумгодишниот Олдрин е вториот човек кој одл по Месечината. Тој беше во посадата на Аполо 11 која во 1969 година направи прва мисија и успешно приземји двајца на Месечината. Тој е еден од заговорниците за колонизација на Месечината