Еден од проблемите во астрономијата е тоа што некои далечни небески тела тешко е да се процени дали се планети или ѕвезди, што е случај со новооткириеното тело од 2016 година.

Астрономите лани во јуни открија огромно небеско тело кое го нарекоа OGLE-2016-BLG-1190 на оддалеченост од 22.000 светлосни години од Земјата.
Тоа тело не се гледа директно, а забележано е поради начинот на кој неговата гравитација го привлекува светлото од родителската ѕвезда.
Астрономите проценија дека небеското тело е околу 13 пати поголемо од Јупитер, кој е најголемата планета во нашиот Сончев систем, а дури 4.000 пати поголемо од Земјата.
Астрономите имаат на располагање неколку начини врз основа на кои може да одлучат дали некое тело е ѕвезда или планета. Најлесно се одредува дали е планета ако не произведува енергија и не праќа светлина.
Според тој критериум, OGLE-2016-BLG-1190 не е ѕвезда, затоа што не произведува значителна енергија, поради што не сјае толку.
Меѓутоа, не е ни планета, затоа што може да го спои изотопот деутериум, со што сепак произведува малку енергија.
Поради ова астрономите овој небески објект го означија како небеско тело кое се наоѓа на границата меѓу планета и ѕвезда, кафеаво џуџе.