Astronomy and Astrophysics: Стана јасно кога Сонцето ќе убие сè живо на Земјата

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Во текот на својата еволуција ѕвездите минуваат низ различни фази на развој – жолто џуџе, субгигант, црвен џин и бело џуџе.

Професорот Леен Дечин од Ловенскиот католички универзитет во Белгија соопшти дека Сонцето ќе уништи се живо на Земјата по 5 милијарди гдини, кога ќе се претвори во црвен џин.
Истражувањето на кое се повикува Дечин, е објавено во списанието Astronomy and Astrophysics.

Во текот на својата еволуција ѕвездите минуваат низ различни фази на развој – жолто џуџе, субгигант, црвен џин и бело џуџе.

За да одговори на прашањето за судбината на Земјата, научниците ја набљудувале ѕвездата L2 Puppis која пред 5 милијарди години имала слична како сонцето маса.

Во моментов нејзината возраст е 10 милијарди години. Таа е црвен џин.

Според истражувачите таквите промени ќе настапат и со Сонцето. Како резултат на тоа Меркур и Венера ќе бидат целосно уништени, а животот на Земјата ќе исчезне.

Судбината на нашата планета, сепак се уште останува неодредена, вели професор Дечин.

Научниците разјаснија дека Сонцето ќе стане посветла и поголема, а тоа ќе го уништи животот на планетата. Дали сепак самата таа ќе преживее, никој не знае.

L2 Puppis се наоѓа на 208 светлосни години од Земјата и претставува еден од најблиските до неа црвени гиганти.

Научниците успеале да откријат објект кој се врти околу неа на растојание 300 милиони километри. Поради тоа тие се уште не можат да кажат каква ќе биде судбината на нашата планета.

Истражувачите додаваат дека следните согледувања ќе дозволат да се предвиди иднината.