Атентаторот на словачкиот премиер Фицо се изјасни за виновен: Јурај Ц. пред судот во Пезин

од Илинка Илиоска
415 прегледи

Јурај Цинтула, осомничен за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо во средата, се изјасни за виновен на рочиштето во Специјалниот суд во Пезин, пренесува ТА3.

Судот ќе одлучи дали Јурај Ц. ќе остане во притвор. Како што јавија локалните медиуми, состојбата на премиерот е стабилизирана, но и понатаму е сериозна.

Пред неговото пристигнување специјалци го расчистија просторот пред Специјалниот суд, а за неколку моменти се појавија три полициски возила, од кои во еднотобеше осомничениот Јурај.

Министерот за одбрана Роберт Калињак изјави дека премиерот Роберт Фицо имал две операции по атентатот во средата во Хандлов и дека неговата состојба „се уште е сериозна, но дека премиерот е свесен“. Моментално е во болницата во Банска Бистрица.

Вчера само новинари од бројни европски редакции беа видени на местото каде Јурај Цинтула во средата од непосредна близина со пиштол пукаше кон претседателот на словачката влада.

Во блиските локали работниците не сакаа да зборуваат за медиумите, а како што рекоа „ним експресно им е наредено да молчат поради истрагата“.

Слични содржини