Истражувачите открија дека атрактивните жени преферираат да имаат долга љубовна врска, пред чисто сексуална, додека атрактивните мажи се целосна спротивност. 
Атрактивните жени имаат повеќе успеси при поставувањето правила во љубовната врска и во тоа се многу помоќни од мажите. Резултатите покажале дека колку е поатрактивна жената толку помалку сексуални партнери има.
И покрај тоа што атрактивните мажи за разлика од убавите жени имаат повеќе секс, студијата открива дека и едните и другите бираат партнери на исто ниво на атрактивност и статус.
Иако сите го знаеме сценариото, според кое преубава жена е со не толку убав, но богат маж, сепак според оваа студија тоа во поголем број случаи не е природен начин на поврзување меѓу љубовните двојки.