АУДИО: Несудениот началник на СВР Скопје, предложен од Чулев, бил вмешан во изборни нерегуларности

од Aleksandar Todeski
437 прегледи

Несудениот началник на СВР Скопје Ристе Ставревски и поранешен советник на ексиминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска е лицето кое се споменува во случајот „Титаник“, а кое според СМС пораките кои се читаа на судењето, е јасно дека заедно со неговата претпоставена подготвувало списоци за вработување, а со цел да придобијат гласови.

Освен тоа, предлогот на Наќе Чулев за началник на СВР Скопје, Ставревски, бил претседател на комисијата за јавни набавки во времето кога е купен мерцедесот на барање на експремиерот Никола Груевски, за осудениот Груевски избега во Будимпешта.

Ставревски можеше да се слушне и во „бомбите“ кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги објавуваше како лидер на опозицијата во 2015 година, а каде се слушна како се правеле списоци на резервисти, приморани да излезат на избори.

Слични содржини