Воздухоплови на АРМ денеска ќе летаат над Скопје

од Vladimir Zorba
268 прегледи

По повод 10-ти Јуни – ден на Воздухопловната Бригада на АРМ, денеска од 10:40 до 11:30 над Градот Скопје ќе надлетуваат седум воздухоплови на АРМ.

 

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ќе биде изведено надлетување над градот во  формација од Аеродромот „Александар Велики“, преку централното градско подрачје, до населбата Ѓорче Петров и обратно.

Воздухопловите ќе летаат на висина од 100 метри.