За да се оттараси од зависноста од храна Ендру Флиндерс Тејлор, учител од Мелбурн и татко на две деца, една година јадел само компир, тврдејќи дека содржи се што му е потребно на човечкиот организам. За тоа време изгубил 54 килограми и успеал да ја победи зависноста од храна.

„Нашата храна е досадна, а животот интересен“, вели Тејлор во видеото што го објави минатата година кога премина на оваа екстремна диета.
По успешно завршениот предизвик, ја подели својата приказна со надеж дека ќе инспирира други да го следат неговиот пример. Пред да почне со диетата многу се прејадувал, а вели дека е многу важно да се советуваш со стручњаци кои ќе ти укажат дали ти недостасува некоја од клучните хранливи состојки во исхраната.
„Добивам преку 600 отсто од своите дневни потреби од железо и 400 отсто од препорачаните дози Ц витамин, како и влакна. Значи во организмот внесувам се што ми рекоа дека ќе ми недостасува“, вели тој.
Додава дека се грижел само за калциумот кој во компирот го нема доволно. Затоа правел пире од компир со соино млеко кое е дополнително збогатено со тој минерал.
Вели дека покрај тоа што ја победил зависноста од храна и што ослабел, сега е посреќен, попозитивен и покреативен.
Иако е најблиску до врамнотежена исхрана од билно потекло и немал никакви нуспојави, струќњаците велат дека ова не е најздрав начин на исхрана и дека екстремната диета може да има бројни штетни влијанија врз организмот.