Австралија гори: Температури до 46 степени

од desk2
255 прегледи

Додека на северната хемисфера светот се бори со снег и студено време, Австралија исдните денови ќе се соочи со температури до 46 степени Целзиусови.

Врелиот бран, предвидуваат метеоролозите, ќе трае пет дена.

Метеорологот Роб Шарп, најавува многу високи температури и вели дека петок може да биде најопасниот ден кога станува збор за пожари. Како што додаде, повеќе од 200 пожари во моментот се гасат нив Австралија.

За жал, додава, пожарите ќе зајакнат, а во петок се очекува максимумот, кога ветрот и температурите ќе бидат полоши од денеска, пренесе Индекс.

„Тоа ќе доведе до висока опасност од пожар, па и до екстремни опасности од пожар во тасманија, што е многу ретко“, вели Шарп.

Највисоката температура за Аделаид во четврток е 44 степени, а за Сиднеј 43.

Најтопло ќе биде во петок во Свон Хил, дури 46 степен.

Посебно високи температури се очекуваат во Јужна Австралија, Нов Јужен Велс, Квинсленд и Викторија, почнувајќи од денеска. Жештините ќе траат до Денот на Австралија, кој се одбележува на 26 јануари.

https://twitter.com/EpicSwine/status/1087657425660981248

На жителите на Австрлија им се закануваат и други непогоди како монсунот кој се формира северно од континентот, можен тропски циклон западно, а ветар со дожд ги очекува Перт и Јужна Австралија.