Австралија воведе санкции за руски министри и пратеници на Државната дума

од Stefanija Kuzmanovska

Австралиската влада воведе нови санкции за 75 пратеници од Русија и 32 самопрогласени министри на Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) поради ситуацијата во Украина, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја. .

Според соопштението, на црната листа се најдоа 75 пратеници од долниот дом на рускиот парламент, Државната дума, како и 20 министри од ДНР и 12 од ЛНР, пренесе ТАСС.

До денес, Австралија ставила на црната листа повеќе од 700 граѓани на Русија и Белорусија, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин, белорускиот претседател Александар Лукашенко и бројни министри од двете земји.

Слични содржини