Австралиски пратеник го запроси својот партнер во Парламентот

од desk2
112 прегледи

Австралискиот пратеник Тим Вилсон го запроси својот партнер Рајан Болгер за време на собраниската дискусија за легализација на истосполови бракови во земјата.

Болгер, кој седеше во делот од салата предвиден за гости и заинтересирани граѓани за следење на седниците, одговори – „да!”, што предизвика општо задоволство и аплауз меѓу присутните.

Неофицијално, тоа е првото запросување во австралискиот Парламент воопшто.

Долниот дом на Парламентот денеска почна да го разгледува Предлог-закон за легализација на истпопловите бракови, пет дена откако тој беше усвоен во Сенатот.

Се очекува конзервативните пратеници да поднесат амандмани на Предлог-закон, меѓу кои и оној што ќе им гарантира право на матичарите да одбија да сакаат да венчаваат истополови бракови. Сенатот ги отфрли таквите амандмани при расправата минатата седмица.

Австралијците минатиот месец, со мнозинство гласови ја поддржаа легализација на истосполови бракови, на анкета спроведена на државно ниво..МИА