Австриец на возраст од 36 години е првиот пациент кој е излечен од коронавирусот со крвна плазма.
Според пишувањето на „Клајне цајтунг”, пациентот еден месец бил на интензивна нега и се борел за својот живот. Откако ја примил терапијата со крвна плазма, триесет и шест годишниот човек бил префрлен од интензивното одделение и сите три коронатестови до сега му биле негативни.
Пациентот имал тешка клиничка форма на болеста, затоа што имал вроден проблем со имунитетот, односно неговиот организам може да произведувал специфични антитела.
Четири недели имал висока температура, а покрај тоа имал и воспаление на белите дробови и проблеми со дишењето.
Крвната плазма се користела на клиниките во покраините Тирол и Салцбург, а пациентот од Грац е прв во Австрија кој е излечен со овој вид терапија.