Австриската полиција била изненадена откако при контрола на автомобил на граничниот премин Никелсдорф во патничко возило регистрирано за пет патници затекнала 10 Бугари, објавија виенски медиуми.

Во автомобил Фолксваген Шаран имало 10 патници меѓу кои две деца на возраст од осум и 10 години. Освен тоа, возилото било „во очајна состојба“ поради што полицијата веднаш ги одзела регистерските таблички.
Според медиумите, тројца патници седеле цел пат врз резервоар за плин кои сами го направиле. Австриската полиција биле изненадена, а Бугарите, наводно чистачи на чевли, реагирале опуштено, го испразниле возилото и пешки продолжиле кон Виена./МИА