Австрија ќе го забранува пушењето на јавни места

од desk2
187 прегледи

Асоцијацијата на австриски доктори во петокот покрена иницијатива за забрана за пушење во бар или ресторан што ќе ја доведе државата на исто рамниште како повеќето европски држави.

„Ние сме една од последните змеји во Европа кои се уште не го забраниле пушењето“, вели Пол Севелда, шеф на организацијата за превенција на рак.

„И знаеме од другите земји дека забраната ќе боди директно кој подобрување на јавното здравје“, вели тој.

Алпската земја е една од последните европски раеви за љубителите на тутунот и од противниците на пушењето е наречена „пеплник на Европа“. Луѓето може да пушат во барови и ресторани.

Претходната влада донесе закон во 2015 година со кој се забрануваше пушење во баровите и рестораните од 1 мај годинава, но новата влада реши да го одложи спроведувањето на законот.

До сега собрание се 450.000 потписи што е повеќе од пет отсто од популацијата на Австрија.

Од организацијата договориле со министерството за внатрешни работи да се спроведе официјална петиција, која ако собере 100.000 потписи, австрискиот парламент ќе биде обврзан да дебатира за прашањето.