Австрија не ја сака руската вакцина „Спутник V“: Се држиме до планот на ЕУ

од Nikola Popovski

Коментирајќи ја можноста за употреба на руската вакцина „Спутник V“ во Австрија, канцеларот на таа земја, Себастијан Курц изјавил дека е порационално да се придржува до планот на Европската Унија за набавка на вакцини.

Новинар од австриската телевизија „Пулс 24“ забележал дека Унгарија може да ја користи руската вакцина „Спутник V“ и го прашал канцеларот дали Австрија размислува за таква можност.

„Тука сметаме на програмата за европски набавки. Склучивме договори за набавка со шест компании. Првата наскоро ќе регистрира вакцини, на пример, „Фајзер“. Сметам дека е рационално да сметаме на оние добавувачи со кои веќе имаме договорни обврски“, истакнал Курц.

Претходно, тој изјавил дека е можно вакцинирањето против коронавирус да започне во Австрија веќе на крајот на декември. Според него, први кои ќе ја примат вакцината ќе бидат оние на кои им е најпотребна – старите лица, вработените во домови за стари лица, како и вработените во здравствената заштита.

Слични содржини