Автобус со млади лица ставен во изолација по враќањето од Грција

од Nikola Popovski

Автобус со млади лица од Македонија, кои биле на одмор во Грција, е ставен во изолација после влегувањето на македонска територија, откако се сомнева дека еден пациент е заразен со коронавирус, објави порталот „СДК“.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирена Сотирова-Бухова информирала дека еден од патниците имал симптоми на Ковид-19 утре ќе биде тестиран, а четири патници добиле решенија за изолација.

Кај јужниот сосед е регистриран најголем дневен пораст на новозаразени со коронавирусот во последните три месеци.

Вчера се потврдени 3.565 случаи, што е најголем број забележан во текот на четвртиот бран од пандемијата, пишува весникот „Катимерини“. Во понеделникот се регистрирани 1.834 случаи, а забележан е и скок на бројот на новозаразени на сите популарни грчки острови за одмор, како и на Атина, Солун и во другите градови.

 

Слични содржини