Автобусите излегоа од гаражите откако се договори плата за вработените на ЈСП

од Берта Китинска

Автобусите на ЈСП предмалку излегоа од гаражите од базата во Автокоманда откако Градот Скопје информираше дека платите за вработените се обезбедени.

Предмалку од Градот информираа дека градското претпријатие продолжува нормално да функционира.

-Повикуваме, менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос.Платите за ЈСП се обезбедени. Во меѓувреме остануваме на барањето, Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови, валт од Градот.

Автобусите на ЈСП утрово останаа паркирани во двете бази на претпријатието во Ѓорче Петров и Автокоманда.

Вработените уште од 04:30 часот утринава се собрани во кругот и јавното претпријатие барајќи исплата на септемвриската плата.

Фото:Локално

Слични содржини