Автогол од „златното момче“ вредно 75 милиони евра

од desk2
130 прегледи

Талентираниот холандски дефанзивец Матијс де Лихт постигна автогол во вториот настап за Јувентус на пријателски натпревар против Интер.

19-годишниот Де Лихт неодамна дебитираше за Јувентус кога одигра 28 минути на средбата со Тотенхем, а на првиот натпревар во кој играше од првата минута ги разочара фановите на „Старата дама“.

Уште во десеттата минута против најголемиот ривал на Јуве, „златното момче“ се покажа како неспретен играч и постигна автогол.

Де Лихт потпиша договор до јуни, 2024 година, што значи дека ќе остане во редовите на италијанскиот гигант во наредните пет години.

Јувентус соопшти дека во наредните пет години ќе му исплати на Ајакс 75 милиони евра, а тука се и дополнителните трошоци од 10,5 милиони евра.