Автомобил одлета право во втор кат од зграда (Фото)

од desk2
84 прегледи

Автомобил заврши заглавен во ѕидот на зграда во Јужна Калифорнија, откако возачот со огромна брзина излетал од патот, удрил во оградата и завршил во вториот кат на зградата каде што има стоматолошка ординација.

Сликите од локалната пожарна служба го покажуваат белиот „седан“ како виси заглавен во зградата, а задниот дел му е навален надолу.

Стефан Хорнер, портпаролот на пожарната управа на округот Оринџ, изјави дека официјалните лица добиле повик дека се случила несреќа во Санта Ана, Калифорнија, околу 5:30 часот.

Во автомобилот имало две лица – еден од нив успеал да излезе, додека другиот бил заглавен повеќе од еден час. Потоа двајцата биле однесени во болница со мали повреди.

Полицијата информираше дека возачот признал оти користел наркотици. Пожарникарите користеле кран за да го извлечат возилото надвор од зградата.