Пол Верховен со наградата “Цезар” за најдобар филм за “Elle”.

Пол Верховен – режисерот на несекојдневниот филм “Основен инстинкт” со Шерон Стоун и Мајкл Даглас, работи на дело за средновековна калуѓерка со натприродни способности, која се заљубува во друга калуѓерка, соопштија продуцентите. Холандскиот киноветеран чиј необичен трилер за силување со Изабел Јупер “Elle”, предизвика контроверзен одек, се посветил на драмата “Blessed Virgin”.
Според продуцентите почетна точка на филмот е животот на италијанската калуѓерка од 17 век Бенедети Карлин која предизвикува сензација, објавувајќи дека има визии со Исус Христос. Верховен ќе го претстави проектот на фестивалот во Кан следниот месец, изјави компанијата продуцент SBS International.
Премиерата на “Elle” беше на минатогодишниот фестивал во Кан. Оттогаш филмот освои речиси 60 меѓународни награди, како и номинација за “Оскар” на Јупер за најдобра изведба во главна женска улога.
Новиот филм е адаптација на “Immodest Acts – The Life of a lesbian Nun in Renaissance Italy” на американската историчарка Џудит Браун.

Во главната улога ќе ја видиме белгиската актерка Виржини Ефира. / АФП