Азески: Доста ни е од затвореност, корупција и сива економија на Балканот

од Nikola Popovski

Нашата порака од собирот ќе биде јасна и ќе бара „да се отвори Балканот, да се затвори историјата, да се обедини бизнисот и да се истрае во имплементацијата без оглед на отпорот на конзервативни сили“, изјави претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески во интервју за МИА по повод денешниот Економски форум за регионална соработка што ќе се одржи во Скопје.

Тој додаде дека не сакаме веќе понижувања дека сме неспособни да се интегрираме во меѓународната заедница и дека некој однадвор треба секогаш да ги решава нашите проблеми.

-Бизнисмените ја гледаат големата слика и градат мостови меѓу феудалните концепти на исфрустрираните земји на Балканот и поради тоа доста ни е од затвореност, корупција, сива економија, ефтина работна сила. Целта на сите досегашни иницијативи спомнати и пред самитот, се четирите слободи – слободниот проток на стоки, услуги, луѓе и капитал, но суштинското прашање е нивно спроведување, односно имплеменатцијата, рече Азески.

Слични содржини