Уште една несреќа: Се урна британски борбен авион

од Nikola Popovski

По денешната авионска несреќа во Загреб, се урна уште едно летало на европско тло. Британски борбен авион „Спитфајр“ од Втората светска војна денеска се срушил на поле во близина на станицата на Кралското воздухопловство (РАФ) во Линколншир.

-Итната помош била повикана на местото на несреќата нешто пред 13 часот и 20 минути, јавува Би-би-си.

Портпаролот на полицијата во Линколншир изјавил дека во несреќата учествувал „авион со еден патник“.

Засега нема детали дали има жртви.

Спитфајр е британски борбен авион од периодот на Втората светска војна и подоцна. Се смета за еден од најуспешните и најпознатите борбени авиони на сите времиња.

Слични содржини