Азија Арџенто откри непознати детали за самоубиството на славниот готвач: “Како успеа да го сокрие тоа?”

од desk2
236 прегледи

Италијанската глумица Азија Арџенто открила во новото интервју дека Ентони Бордејн делувал многу чудно денот пред да изврши самоубиство.

 

Глумицата Азија Арџенто, која оваа година беше во врска со славниот готвач Бордејн пред да изврши самоубиство, гостуваше во една телевизиска емисија Верисимо.

Италијанката се потсети на неколку детали од минатото, а осебно неколку денови пред Ентони да се самоубие во хотелската соба во Франција.

https://www.instagram.com/p/BUJjIZlD1q6/?utm_source=ig_embed

“Ден пред да умре се слушнавме на телефон, а неговиот глас звучеше чудно. Тогаш ми кажа дека премногу јадел и испил. Не ми кажа за неговите мисли. Напиша и напомена нешто за самоубиство на телевизија, но сметав дека тоа беше некоја романтична мисла”.

Азија се обидела да дојде до одговор на прашањето зошто славниот готвач одлучил да си го одземе животот.

“Сметав дека јас бев таа која е депресивна, а тој ме поддржуваше. Понекогаш имав лоши мисли, депресијата е многу сериозна болест и понекогаш мислите сами си доаѓаат”.

“Инстинктот за умирање не е човечки. Ентони во тој момент не размислуваше за никој, бидејќи неговата болка беше огромна, но јас никогаш не ја согледав. Како успеа тоа нешто да го сокрие?”, се запраша глумицата.

https://www.instagram.com/p/BjRZxd1HeAx/?utm_source=ig_embed

Таа потоа се расплакала и говореше за периодот после неговата смрт.

“Никогаш немав таква личност покрај мене. Се грижев за себе и моето дете. Ми остави празнина која не може да се пополни, оваа болка нема да исчезне”.

“Повеќе нема утрински пораки, а навечер нема кој да ми каже добра ноќ. Немам повеќе сила. Ако не сум добро, не можам да се грижам за моите деца. Има денови кога не можам да станам од кревет, има и такви кога не можам да се вратам дома”, вели Арџенто.

Да се потсетиме, ова беше особено тешка година за Азија, која набрзо откако го изгуби партнерот беше обвинета и за сексуално насилство врз глумецот Џими Бенет кој тогаш имал само 17 години.