Бајден го осуди нападот врз демократијата во Бразил

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден го осуди „нападот врз демократијата“ во Бразил, немирите и упадите на приврзаниците на поранешниот претседател, ултра-десничарот Жаир Болсонаро, во зградите на федералните институции во главниот град Бразилија.

„Го осудувам нападот врз демократијата и врз мирниот трансфер на власта во Бразил. Бразилските демократски институции ја имаат нашата целосна поддршка, бидејќи политичката волја на бразилскиот народ не смее да се игнорира“, објави Бајден на Твитер.

Бајден наведе дека со нетрпение очекува да продолжи да работи со левичарскиот претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, кој тесно го победи Болсонаро на претседателските избори, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини